Големо изненадување за протераните од САД руски дипломати

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Тие ќе ја пречекаат Нова година во авионот

Руските дипломатски службеници кои владата на САД  ги брка од земјата, се соочуваат со тешкотии при купувањето билети за Русија.

“Билети нема, сè е распродаден пред Нова година, а на луѓето им се дадени 72 часа, не знам како ќе успеат”, коментира пред Интерфакс  еден од нив кој побарал анонимност.

Според него, избрканите  ќе бидат принудени да се префрлат од Вашингтон во Њујорк, каде што ќе имаат повеќе шанси да најдат место во авион за Москва. Покрај тоа, дипломатите најверојатно ќе ја поминат новогодишната ноќ во авионот.

“Тоа беше големо изненадување, луѓето се подготвуваа да ја одбележат Нова година”, вели истиот извор.

Но Обама ги изненади и нив и новиот претседател Трамп.