Google веќе нема да ги чита вашите мејлови за податоци за реклами

од desk2
72 прегледи

Сте се запрашале некогаш како сите реклами кои ги гледате на сајтовите на Google (на пример YouTube, Gmail и самиот пребарувач Google) се слични на вашите интереси? Многу е едноставно – Google следи се што правите на интернет мрежата, вклучувајќи и читање на вашето Gmail сандаче, за оние корисници кои го користат бесплатно.

Сепак, после скоро две децении неуморно собирање податоци од корисниците, Google одлучи наскоро да престане да ги скенира сандачињата во Gmail и на корисниците кои не плаќаат за овој сервис (што секако не го спречи растот на овој мејл клиент, кој со 1,2 милијарди корисници е убедливо најуспешен во светот). За оние кои плаќаат за Gmail и останатите сервиси на Google, сандачето отсекогаш беше приватно.

Ова не значи дека ќе престанете да гледате реклами во вашиот Gmail – ова е неизбежно кај бесплатниот клиент. Сепак, барем ќе бидете сигурни дека компанијата барем нема да ги чита вашите пораки, иако нив ги преработуваат само алгоритми, односно нема луѓе кои вистински ги читаат.

Причината за укинувањето на читањето на сандачињата во Gmail, според Дајан Грин, која е од тимот на Google Cloud, е да го донесат Gmail во линија со тоа како ги персонализираат рекламите во останатите нивни продукти. Сепак, јас би рекол дека ова е само помек начин да се каже дека истите податоци за корисникот тие можат да ги имаат и од другите нивни сервиси, како на пример YouTube./Smartportal