Ѓорческа избори четвртфинале на фјучрсот во Франција

од Vladimir Zorba
111 прегледи

  Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во францускиот град Денен. Таа синоќа во мечот од второто коло ја совлада домашната тенисерка Маларуе Ноел со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Ѓорческа имаше водство и сетот го доби со 6:4 во гемови, додека во вториот сет направи пресврт во сетот и по водството на ривалката од 4:1 и 5:2, го доби сетот со 7:5.

Во следното коло утре Ѓорческа ќе игра против Чихиро Мурамацу од Јапонија (480. место на ВТА листа).

Инаку, нашата тенисерка е рангирана како прва носителка на турнирот.

Втората македонска тенисерка која имаше настап на фјучрс турнир Магдалена Стоилковска загуби во меч од првото коло на фјучрс во Истанбул. Подобра од неа беше Анете Мунозова од Шведска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2)