Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во Рим кој се игра за награден фонд од 25 илјади американски долари
Ѓорческа која е трета носителка на овој турнир во четвртфиналето експресно за само 57 минути ја совлада чилеанската тенисерка Даниеле Сигел со 2-0 во сетови препуштајќи и само еден гем на противничката.

Првиот сет кој траеше 34 минути нашата тенисерка го доби со 6:1, додека во вториот на противничката Ѓорческа не и дозволи да освои ниту еден гем.

Ѓорческа за место во финалето ќе се бори со Јулија Грабер од Австрија која во четвртфиналето беше подобра во два сета од Присилија Хон од Австралија.

Со овој пласман во полуфинале Ѓорческа ќе го подобри својот ранкинг на ВТА листата на која во моментов е на 181 место што е и нејзин најдобар пласман во кариерата.