Ѓорѓиевски: Нема да бидам градоначалник кој ќе се жали, ќе се најде решение за секој проблем

од Берта Китинска

Буџетот го наследив со околу 20 милиони денари на сметка, а само кон Светска банка имаме долгови од 1 милион и 700 илјади евра. Доспеани и недоспеани долгови имаме милион и 300 илјади евра. Тоа се сериозни долгови. Но јас нема да бидам човек кој ќе се жали туку кој ќе најде решение за секој проблем, затоа што нашите сограѓани не ги интересира долгот на општината, тие сакаат што побрзо решавање на долгогодишните проблеми, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Приоритет ми е да ги завршам работите кои веќе се почнати од минатата власт, а потоа систематски да започнеме со решавање на проблемите. Имеме голем проблем со патната инфраструктура во општината. Многу улици се ископаа непосредно пред изборите, тие мора да се завршат. Исто така ќе го забрзаме процесот на издавање решенија за легализација  За седум дена откако сум градоначалник успеавме да доделиме сто решенија за легалиизација, и тоа лично јас ги однесов до домовите на граѓаните, вели Ѓорѓиевски.

Слични содржини