Гори нафтен терминал во Црното Море: Пожар кај Крим (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Пожар избувнал денеска на нафтениот терминал во градот Новоросијск на брегот на Црното Море, јавуваат руските медиуми.

Според локалната управа на Министерството за вонредни состојби, се запалиле палети, а 1.300 метри квадратни биле зафатени во пламен.

Противпожарната служба соопштила дека пожарот е локализиран и дека нема опасност од ширење, пренесува РАИ Новости. Во гаснењето учествувале 42 пожарникари со 14 опрема.

Новоросијск е едно од најголемите пристаништа и се наоѓа на околу 172 километри од Крим.

Според „Гардијан“, не е јасно дали пожарот бил предизвикан од напад со украински беспилотни летала, кои ги имало неколку во последните денови.

Слични содржини