Преодна влада, независна истрага за доказите за прислушувањето, фер и демократски избори и департизација на институциите, побара лидерот на СДСМ Зоран Заев, по  објавувањето на осмата „политичка бомба“.  Смешно или трагично 15 минути пред почетокот на настанот МВР поднесе кривична пријава против Заев за барање поткуп од 200.000 евра. Заев пак уште подрско обелодени дека тоа е уште една местенка од власта и дека сакале да го спакуваат како Бошковски и најдиректно му порача на Груевски-ГОТОВО Е !

заев универзална

Оставки од целата од Влада, од јавниот обвинител Марко Зврлевски и од раководниот тим на Македонската радио телевизија. Формирање преодна влада со мандат за спроведување фер и демократски избори, целосно раздвојување на институциите од државата и јасна и транспарентна истрага за скандалот со прислушувањето со вклученост на меѓународната заедница.

Ова се конкретните  барања што синоќа од Универзалната сала во Скопје ги упати лидерот на СДСМ Зоран Заев, порачувајќи му на премиерот Никола Груевски: „Готово е!“

„Овие докази и документи што ги поседуваме се во сопственост на Република Македонија. Од првата до последната буква и од првиот до последниот изговорен збор во секој од објавените разговори, сè е вистина. Груевски и Мијалков го урнисале уставното уредување во Македонија, создале пара-држава во која тие се и полиција и обвинителство и судство. Одовде назад нема. Оваа Влада веќе нема легитимитет“, рече лидерот на СДСМ пред публиката од околу 2.000 луѓе во Универзалната сала.

Тој рече дека сите докази и аргументи ќе бидат предадени на новиот јавен обвинител.

„На македонскиот Алберто Нисман и на новите судии, македонските Фалконе и Борселино, знаете, оние коишто расчистија со криминалот во Италија“, рече лидерот на СДСМ.

Слични содржини