Говорот на Иванов ги продлабочува поделбите!- Кога е искрен кога го брани Груевски или напаѓа Заев?

од Vladimir Zorba
96 прегледи
 
Говорот на Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, пред пратениците, наместо сплотеност, единство и владеење на правото, повеќе беше во функција на заштита на тие што го кршеа Уставот и законите и ја загрозуваа безбедноста на државата, со што дополнително ќе се зголемат поделбите и сомнежите на граѓаните во владеење на правдата и подеднаква  примена на законите, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз, за говорот на претседателот во Собранието на РМ.
Грабежот на имотот на граѓаните, газењето на основните човекови права, масовното прислушување, кршењето на изборните правила, насилствата во Парламентот и другите еклатантни примери на злоупотреби од разулавената власт во изминатите десет години,Иванов не ги преметуваше и не реагираше, затоа денешниот негов настап е фрлање прав во очите на јавноста и перење од гревовите.
Не се сомневаме дека секој што ја злоупотребил власта и довербата на граѓаните за тоа порано или покасно ќе понесе одговорност, му порачуваат од ДС на Иванов.
Демократскиот сојуз промените ги поддржа, за да се создадат услови за подобар живот за сите и Македонија силно да чекори кон стандардите на Европската Унија, се вели во партиската реакција  на говорот на Иванов