Згради на чии покриви има билки денеска лесно се наоѓаат, но не и градови. Кинезите почнаа изградба на градот Лужу Форест Сити, кој ќе биде прекриен со билки.

Градот ќе има околу 30.000 жители, но објектите ќе бидат прекриени со повеќе од милион билки. Нивна задача ќе биде да го
Намалуваат загадувањето.
На објектите ќе бидат поставени и соларни панели за собирање на сончева енергија, а градскиот превоз нема да ја загадува околината. Ќе се користат електрични автомобили и железница.
Ако се оди според планот, проектот ќе апсорбира речиси 10.000 тони CO2 секоја година и ќе произведува 900 тони кислород. Ова идеа не е сон затоа што компанијата Boeri очекува да заврши со изградба на Форест Сити до 2020 година.
Градот ќе биде направен во јужниот дел на Кина, каде ниските температури се ретка појава, па владеат добри услови за одржување на билките.