292
Советот на Град Скопје, на седницата што ќе се одржи на 11.02.2020, ќе одлучува за доделување парична помош за шесте семејства чии домови беа опожарени во пожарот што се случи минатиот месец во Шуто Оризари.
Од Градот посочуваат дека вкупната сума наменета за помош на овие семејства е 450.000 денари. За секое семејство чиј дом е целосно опожарен предвидено е да се додели по 100.000 денари а семејствата чии домови беа делумно опожарени ќе добијат по 50.000 денари.
„Со средствата не се бришат последиците и сеќавањата од ужасниот пожар , но се надминуваат состојбите што настанале. Град Скопје останува да биде со своите сограѓани секогаш кога тие имаат потреба од помош и поддршка“, велат од Град Скопје.