Македонската Влада ќе испрати 100.000 евра помош за Хрватска, по силниот земјотрес од 6,2 степена што денеска ја погоди земјата, беше соопштено вечерва после последната владина седница.
Нема информации за повредени македонски државјани, a Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација.