Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против набавката на нови автобуси

од Nikola Popovski

Град Скопје денеска преку соопштение обвини дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласале против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси.

-Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје.

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните, порачуаат од Градот во едно од своите ретки соопштенија.

Оттаму додаваат дека градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата која победи на изборите, програмата „За модерно Скопје“.

-Работиме на сериозни решенија на надминување на оваа блокада со цел остварување на јавниот интерес, интересот на Скопјани, истакнаа од Град Скопје.

На денешната седница на Град Скопје, Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијата каде побараа да се донесе заклучок, како Совет да се задолжи градоначалничката на Град Скопје да достави барање до државниот завод за ревизија за спроведување на вонредна ревизија на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје.

Во врска со оваа иницијатива, Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара градоначалничката, Данела Арсовска да се изјасни дали е за оваа ревизија или не и да даде образложение.

Слични содржини