Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ собира политички поени кога пожарникарите го гаснеа пожарот кај „Томче Софка“

од Nikola Popovski

Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот, реагираа од град Скопје, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека протипожарните служби доцнеле при гаснењето на пожарот на бараките во непосредна близина на Градскиот парк.

Според нив, на денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот Парк првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена.

-Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета.

Скопските пожарникари досега многупати ја докажаа својата професионалност и пожртвуваност, а ваквите обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ никому не прават добро, туку напротив, само покажува непочит кон скопските херои, велат од град Скопје.

Пожарот кој попладнево избувна во бараките, каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во непосредна близина на Градскиот парк, при што зафатил и дел од покривот на ресторанот „Томче Софка“. Нема информации за повредени.

Слични содржини