Камери се поставени на еден пешачки премин, кои забележаа 58.000 прекршоци во место во кое живеат само 120 жители.
Кога во малиот град Акветикo на северот на Италија беа поставени камери за мерење на брзината, никој не очекуваше ваков рекорд: 58.586 прекршоци за само две недели.
Градоначаникот Алесандро Алесандри се одлучил на ваков чекор откако мнозинството од 120 жители на Акватикo се жалале на автомобилите кои брзаат низ градот.
Но, ни тој не можел да верува на резултатите кои завршиле на неговата работна маса.
Податоците покажуваат дека на секои неколку минути некој ја пречекорува дозволената брзина од 50 км/ч.
Најтешкиот престапник стигнал до брзина од 135 км/ч.
„Тоа е лудо, со оглед на тоа дека жителите постојано се движат низ местото и го поминуваат патот“, вели Алесандри.
Еден италијански весник пишува дека половина од автомобилите кои поминуваат низ градот ја пречекоруваат брзината.
Градоначакалникот вели дека малиот град на северот на Италија каде граничи со франција, има многу сообраќајни проблеми.
Со три главни патишра кои го поврзуваат регионот Пиемонт со италијанската граница на север, патот низ Акветико е најдобро решение за оние возачи кои сакаат да ги заобиколат застоите и радарите.
А тука се и мотоциклистите кои возат од таму заради добрите патишта, широките ленти и кривини, па организираат трки.