Градинките почнаа да испраќаат известување до родителите дека кој сака има можност да си го отпише своето дете од установата каде може да биде згрижено.
-Добивме известување од градинката дека кој сака може да си го отпише детето, така што не е обврзан да ги плати сметките од месец мај па натаму и до петок да достави барање за отпишување на детето до управат на градинката.Воедно ни кажаа дека доколку сега се отпише може повторно да се запише и да не биде на листата на чекањ бидејќи веќе еднаш било запишано во таа градинка, вели за Локално, мајка на едно дете од претшколска возраст од Скопје.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера упати апел до родителите кои не ги носат децата во градинка да го отстапат местото на оние дечиња на кои сега им е неопходно згрижувањето во оваа установа.
-Одлуката на Владата за отворање на градинките беше донесена на првата владина седница која се одржа на 2-ри септември, стартот на градинките почна на 9-ти септември, оттука со отворањето на градинките, со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи, значи градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели до одлуката до 23 за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинските се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме. Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација да мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи. Родителите имаа 2 седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа, значи не се работи за една седмица, туку се работи за две седмици. Согласно Протоколот којшто беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19. Тие протоколи јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца, изјави Шахпаска.