Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удрија врз грбот на граѓаните, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski

Граѓаните на десетици општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците на локалната самоуправа кои бараат драстично зголемување на цената на водата, обвинија утрово од СДСМ.

Од партијата појаснуваат дека големи и финансиски стабилни општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.

-Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година ќе потрошат милиони евра за времени вработувања на партиски кадри во општините. Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, општина Аеродорм ќе потроши скоро 90.000 евра, милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…

Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат, стои во партиското соопштение од СДСМ.

Слични содржини