Поддршката дава сила и мотив за нови победи, но истовремено носи одговорност и голема чест!, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески , откако вчера и официјално доби поддршка за повторна кандидатура за градоначалнк од страна на СДСМ.
-Цврсто чекориме по патот на успехот и овозможуваме посветла иднина за Охрид и за охриѓани. Убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе!Време е да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Време е уште еднаш да се обврземе пред граѓаните и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на нашиот град!
Предводејќи ја локалната власт во Охрид, СДСМ покажа и докажа дека знае да креира квалитетни политики. Работевме одговорно, чесно и домаќински. Реализиравме важни проекти, водејќи сметка за зачувување на природните, културните и духовните богатства.На претстојните локални избори продолжуваме со Вас граѓаните, Заедно Напред, за уште една голема ПОБЕДА во Охрид!, пишува Георгиески.