Градот активираше мерки поради загадувањето на воздухот во Скопје

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Зголемени вонредни инспекциски контроли на Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на Град Скопје, зголемени вонредни инспекциски контроли на градилишта, зачестено чистење на улиците и пешачките зони во надлежност на градот и мерката бесплатен јавен превоз се мерките кои ги презема Градот Скопје, а се предвидени со акциските планови за справување со алармантна состојба од загадување на амбиенталниот воздух.

Како што информираат од Градот Скопје, овие активности ќе се спроведуваат сè до завршување на алармантната состојба за што известува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Слични содржини