Градот со најмногу богаташи во светот

од desk2
112 прегледи

Резултатите од најновото истражување на компанијата Wealth-X покажуваат дека Хонг Конг е главната дестинација за најбогатите луѓе во светот, пренесува CNN.

Њујорк не е повеќе градот со најмногу богати луѓе во светот, лидерството го презе Хонг Конг, во кој има 10.000 богаташи. До 2011 година титулата ја држеше Њујорк, но сега е на второ место со скоро 9.000 богати луѓе.

Брзиот раст на кинеската економија во последните неколку децении е најзаслужна за зголемувањето на бројот на богаташи во земјата. Еден од нив е милијардерот Ли Ка-шинг чие царство ги контролира пристаништата, телекомуникациските мрежи и енергерските компании низ светот.

Во извештајот, меѓу најбогатите се и Џек Ма и Пони Ма, основачи на Alibaba и Tencent. Ниту еден град од внатрешноста не влезе меѓу првите десет на листата. Секој седми граѓанин во Хонг Конг е милионер.

Останати градови со најмногу богаташи се Токио, Лос Ангелес, Париз, Лондон, Чикаго, Сан Франциско, Вашингтон и Осака.