Градови во кои живеат најпривлечните мажи

од desk2
402 прегледи

Екипата на Traveler’s Digest состави листа од 10 градови во кои ќе ги видите најпривлечните мажи во светот.

Еве кои градови се најдоа на листата:

1. Стокхолм, Шведска

Постојат стереотипи дека станува збор за емотивно дистанцирани мажи, но естетски не може да се негира нивната појава. Просечниот маж во Стокхолм е секогаш беспрекорно облечен, ужива во храната, модата и националната култура.

2. Њујорк, САД

Се смета дека Њујорк е еден од највозбудливите градови во светот и поради различните култури токму овде може да сретнете многу атрактивни мажи.

3. Амстердам, Холандија

Тие се повеќе од Европејци, софистицирани се и важат за вистински џентлемени. Многу се љубезни и комуникативни.

4. Лисабон, Португалија

Тие сакаат да бидат сестрани, образовани и се големи патриоти. Во главно се високи, спортски градени и харизматични. Многу ги ценат луѓето кои сакаат да импровизираат и да заведуваат.

5. Буенос Аирес, Аргентина

Аргентинките спаѓаат во најубавите жени во светот, но ни мажите не заостануваат. Тие се секси, сензуални, умеат да играат танго и го сакаат спортот.

6. Сиднеј, Австралија

Мажите од Сиднеј важат за шармантни, духовити, интелигентни и силни, а тоа што веројатно ги освојува сите жени е нивниот секси акцент.

7. Мадрид, Шпанија

Познати се и како латино љубовници затоа што се паметни, секси и романтични. Ако на тоа го додадеме и нивниот модерно софистициран шарм тогаш јасно ви е зошто се наоѓаат на листата најатрактивни мажи во светот.

8. Берлин, Германија

Во еден од културно најразличните градови во Европа живеат мажи интелектуалци со цврста желба за знаење и авантуристички дух. Уживаат да ги забавуваат жените со пријатна конверзација. Германците се познати по интелигенцијата, оригиналноста и добриот изглед.

9. Милано, Италија

Еден од најмодерните градови во светот каде се следи модата. Мажите се познати по убавиот тен и желбата за флертување.

10. Тел Авив, Израел

Со оглед на тоа што се наоѓа во близина на Медитеранското Море ова место има современа културна сцена и важи за вистински светски тренд. Мажите од Тел Авив едноставно зрачат со шарм и убавина./Kajgana