Графити артистот Банкси создаде антиутопичен хотел во Палестина

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Под набљудувачката кула на улицата до граничничниот ѕид меѓу Витлеем и Ерусалим, уличниот уметник Банкси го претстави тајниот проект – хотел во колонијален стил, кој истовремено нуди комфорт и силна политичка порака. Во локацијата кое се смета за  раѓање место на Исус Христос се наоѓа новоотворениот “Валд оф Хотел” (Walled off – да разделиш некого или нешто со ѕид) – 3-катна градба со 10 соби.

Целта на хотелот е да привлекува странски туристи и не само да ги натера да ја стимулираат палестинската економија, но и да видат сами каква е реалноста на еден живот, опкружен со ѕидови.

Затоа и не случајна “глетката”, која се отвора во секој еден од прозорците во трикатна зграда кон граничниот ѕид, кон неговото сивило.

Во секоја од собите ѕидовите пак се покриени со традиционалните графити на Банкси- инспиративни и исполнети со смисла. На еден од нив израелски војник и маскирано палестинско дете се борат со перници, друг покажува израелска Саат кула со палестински деца, кои се вртат околу неа како на рингишпил. Трета отсликува малку идилично село уништено до темел од оклопен автомобил.

Трансформиран од стара занаетчиска работилница, хотелот е стилизиран како англиски клуб за џентлмени од времето на колонијализмот – декор директно поврзан со поводникот за создавање на местото. Имено – 100-годишнината од потпишувањето на Декларацијата на Балфур – писмото на британската влада 1917 година во корист на еврејската татковина, со што се отвора патот кон создавање на Израел.

“Не знам зошто, но сметав дека е добро време да покажеме што се случува кога Велика Британија ќе  одлучи да носи големи политички одлуки без да ги сфаќа последиците”, вели самиот Банкси, чиј идентитет останува непознат до ден денешен.

Можеби токму потсетувањето за “последиците” е причина низ просториите на зградата да се наоѓаат статуи, кои се дават во солзавец со кислородни маски кои висат од таванот и лица насликани со бојата на спасувачките елеци на удавените бегалци.

А, сепак улогата на хотелот не е само да наметне политички убедувања. Претседателскиот стан на последниот кат, на пример е исполнет со огромен црвен кревет и со џакузи во средината на собата.

Собата има дури и мало кино и бар. Освен место за ноќевање хотелот нуди и мал историски музеј, кој раскажува приказни на ѕидот и арт-галерија, која ги претставува делата на локални палестински уметници.