Граѓанско апсење: Фатиле двајца педофили, ги натепале и ги полиле со боја

од desk2
110 прегледи

 

Жителите на еден град во Северна Ирска со денови биле преплашени откако од затвор избегале двајца педофили.

Двајцата сексуални престапници, кои биле во бегство, ги фатиле лутите граѓани. тие ги препознале од фотографиите од потерницата. Џејмс Вајт (48) и Џејсон Лидјард (26), познат под името Алексис Гуесто, двајцата затвореници во бегство, биле фатени од граѓани, кои ги врзале за клупа, ги тепале со прачки, а на крај ги полиле со сина боја.

Двајцата биле пренесени во болница, потоа ќе бидат вратени в затвор. Инспекторка од полицијата е задоволна што граѓаните се вклучиле во потрагата, но поради начинот на кој се однесувале против нив ќе биде покрената истрага за сериозан напад.