Грчката федерација на индустрии бара договор со Северна Македонија за избегнување на двојното оданочување

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Северна Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.

Од Федерацијата сметаат дека договорот “ќе биде силен поттик за зајакнување на економската соработка на двете земји, со тоа ќе им се даде можност на грчките бизниси што се активни во земјата да ја подобрат нивната позиција, а тоа ќе погогне во зголемувањето на грчкото присуство во регионот”, јави дописничката на МИА од Атина.