Грчки инфектолог открива каков ќе биде летниот одмор: Дали можеме да се заразиме со коронавирус при пливање во море или базен?

од Nikola Popovski
287 прегледи

Професорот на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, д-р Павлос Николајидис зборувал за тоа колку ќе биде опасно пливањето покрај плажите и  во базените во текот на летото и за што најмногу треба да се грижиме.

Иако се забележува трендот на опаѓање на пандемијата на коронаивурос Европа, нема сомнение дека летото ќе биде знак на овој вирус и дека „сенката“ на пандемијата долго ќе лебди над човештвото. Толку многу, што многумина се прашувааѕ како би изгледал воопшто летниот одмор и колку високите температури би влијаеле на развојот на пандемијата?

Во разговор за „GRTimes“, професорот Павлос Николајидис дал исклучително корисни одговори на прашањата што нè интересираат најмногу.

Дали постои ризик да се заразиме во море или во базен? Дали треба да носиме маски на плажа? Колку се безбедни плажите и на што да внимаваме? Дали топлината ќе го убие вирусот?

Како што вели тој, бањањето во базен кој што содржи хлор е сосема сигурно. Односно, никој никогаш не докажал дека постои потенцијален ризик од заразување со корона вирус. Истото важи и за морската вода.

„Најголем ризик сама по себе влечи процедурата за бањање на било кое место. Условите за коегзистирање со другите луѓе се најголемиот ризик. На пример, ако на десет метри квадратни има 20 лежалки, разумно е дека тој дел од плажата ќе небезбедно место“, вели професорот.

На прашањето дали постојат шанси некој да биде заразен на плажа или на површината од базенот, професорот објаснува дека тоа е многу малку веројатно затоа што главниот пат по кој што се пренесува вирусот е преку респираторниот систем, односно преку кашлање, кивање, гласен говор кога се отвара устата и т.н.

„Жешкиот песок или било која површина не е местото на кое што ќе се пренеси вирусот. Она што е сигурно и што го зголемува ризикот е гужвата по патот до плажата, на пример во јавниот превоз. За време на плажата или покрај базен морате да водите сметка да бидете на далечина од два метри од другите, а тоа во Грција може да се направи бидејќи имаме доста долги плажи“, истакнал професорот.

Како што вели тој, и понатаму се се сведува на личната хигиена, но и на одредени мерки кои ќе мора да важат ова лето.

„Сметам дека ќе биде неопходно да се практикува одалеченоста во продавниците за сувенири, баровите на плажа, и т.н. Да постои одредена раздалеченост меѓу капачите и барем ова лето на ге гледаме слики од претходните години како биле стуткани“, додал Николајидис.