Грчки медиуми: Сопственик на казино од С.Македонија застрелан со најмалку 20 куршуми

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Две лица биле нападнати со истрели надвор од изнајмената соба во која престојувале во Ханиоти, Халкидики, при што едното од нив им подлегнало на повредите.

Според првите информации, починал 39-годишен маж од Северна Македонија, а повреден е 45-годишен негов сонародник.

Крвавиот инцидент се случил во саботата околу 3.30 часот. Двајцата странци – кои биле на одмор во Ханиоти – биле со поголема група надвор од куќата што ја изнајмиле кога биле застрелани од непознати лица. Насилниците им пришле со покриени лица и почнале да пукаат.

Според iefimerida.gr, 39-годишниот, кој бил бизнисмен кој поседувал казиното во земјава), добил десетици куршуми – најмалку 20 – и веројатно се работи за професионално убиство, откако пред неколку дена непознати лица го погубиле неговиот деловен партнер, исто така од соседната земја.

Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнало на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот починал, додека вториот маж е повреден.

Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициското одделение Полигирос, додека полицијата почнала потрага за апсење на сторителите.

Слични содржини