190
Грчкиот парламент вчера со големо мнозинство го усвои предлог-законот за брак и посвојување деца за истополови двојки, што претставува голема социјална реформа и покрај силното противење на Православната црква.
Предлог-законот поднесен од владејачката партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакос беше усвоен со 176 гласа „за“ од присутните 254 пратеници, по дводневна расправа.
Кога законот ќе стапи на сила, таа земја, каде што сè уште преовладува традиционалниот модел на семејство, ќе стане 37-та земја во светот, 17-та во Европската унија и првата земја со мнозинско православно население што ќе го легализира посвојувањето деца од страна на родители од ист пол.