По повеќе од 20-часовна расправа, што заврши со гласање по четири часот утрово, грчкиот Парламент одлучи за сите 10 политичари чии имиња се најдоа во предметот во случајот „Новартис“ да се формира предистражна комисија, јави дописникот на МИА од Атина.
Комисијата ќе брои 21 член и ќе има временски период од еден месец да ја истражи надлежноста на Парламентот, за дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција и перење пари од криминалните активности што можеби ги направиле.
Пратениците, по четири часот утрово гласаа во поставените 10 кутии, по една за секој политичар за кој постои сомнение дека е вмешан во случајот „Новартис“.
Предлогот на Владата за формирање на конкретната комисија, доби зелено светло од Парламентот, но не со гласови од сите партии.
СИРИЗА, Комунистичката партија и Златна зора гласаа позитивно за сите 10 политичари, пратениците од Нова демократија беа присутни во Парламентот, но не гласаа, Сојузот на централисти беа воздржани, партиите од Движењето за промена, Демократска коалиција и Река, во кутиите ставија нивно ливче, со што гласовите се сметаа за неважечки, додека пак од Независни Грци, секој пратеник гласаше според своето убедување и размислување.

Øçöïöñßá ãéá ôç óýóôáóç ÅéäéêÞò ÊïéíïâïõëåõôéêÞò ÅðéôñïðÞò ãéá ôç äéåíÝñãåéá ðñïêáôáñêôéêÞò åîÝôáóçò,ãéá ôçí åíäå÷üìåíç ôÝëåóç ôùí áäéêçìÜôùí ôçò äùñïëçøßáò êáé äùñïäïêßáò êáé ôçò íïìéìïðïßçóçò åóüäùí áðü åãêëçìáôéêÞ äñáóôçñéüôçôá, óýìöùíá ìå ôá äéáëáìâáíüìåíá óôçí ðñüôáóç, áðü ôïõò :1) Áíôþíéï ÓáìáñÜ, 2) Ðáíáãéþôç ÐéêñáììÝíï, 3) ÄçìÞôñéï Áâñáìüðïõëï, 4) ÁíäñÝá ËïâÝñäï, 5) ÁíäñÝá ËõêïõñÝíôæï, 6) ÌÜñéï ÓáëìÜ, 7) Óðõñßäùíá – ¶äùíé ÃåùñãéÜäç, 8) ÉùÜííç ÓôïõñíÜñá, 9) ÅõÜããåëï ÂåíéæÝëï, 10) Ãåþñãéï ÊïõôñïõìÜíç.
(EUROKINISSI/ÃÉÙÑÃÏÓ ÊÏÍÔÁÑÉÍÇÓ)
Маратонската расправа во грчкиот Парламент, како што и се очекуваше изобилуваше со меѓусебни обвинувања, препукувања и несогласувања меѓу претставниците на партиите. Со исклучок на европскиот комесар Димитрис Аврамопулос, кој беше оправдано отсутен, останатите девет политичари за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот „Новартис“, се обратија од собраниската говорница и ги објаснија нивните позиции.
Свои обраќања имаа и лидерите на политичките партии, а грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис си упатија остри критики и обвинувања.
Лидерот на опозициската партија, му се обрати на Ципрас и му порача дека политички ќе заврши на демократски начин, на следните избори со една гласачка кутија, а не со 10 како што беше случај на гласањето во парламентот.
Во однос на случајот „Новартис“, Мицотакис рече дека е очигледно дека постои скандал, откриен од американските власти и ФБИ, но во сите земји, во фокусот на истрагата е методот на пласирање на лековите, а само во Грција се користи за нанесување штетана политичките противници.
– Нашата позиција е јасна. Да ја дознаеме вистината, да ја разбиеме мрежата, да се казнат сите вмешани, каде и да се. Да побараме оштета од компанијата за штетата предизвикана на осигурителните фондови и државниот буџет. И да ги направиме оние законски промени што во иднина ќе гарантираат дека нема да се повторат слични феномени. Но, вие господине Ципрас, не го сторивте ова. Наместо да ги гарантирате интересите на државата, вие го искористивте случајот за да им нанесете штета на вашите политички противници, истакна лидерот на Нова демократија.
Веднаш по Мицотакис, се обрати грчкиот премиер, кој рече дека опозицијата и политичарите што се споменати дека имаат вмешаност во скандалот, наместо смело да ја преземат политичката одговорност и да имаат доверба во правниот систем на државата, тие шират страв и се мешаат во работата на обвинителите и судиите.
Ципрас му одговори на Мицотакис во однос на неговиот став дека целиот случај е скандал.
– Скандал „Новартис“ постои, рече господинот Мицотакис. Како, по ѓаволите, настана овој скандал? Изникна? Тоа е природен феномен? Кои се виновни за овој скандал? Не постои никаква одговорност?, се запраша грчкиот премиер и потенцираше дека институциите, законите и процедурите ќе се запазат и ќе се почитуваат, а правдата ќе излезе на виделина.
Како што веќе објави МИА, во истрагата за случајот со швајцарската компанија, споменати се имињата на 10 грчки политичари, а меѓу нив се двајца поранешни премиери и осум поранешни министри за здравство, финансии и труд и социјала од редовите на ПАСОК и Нова демократија.