Актуелно
Почетна / IN/OUT / Грци жалете го- “Алексис не јаде, не спие и ретко го гледа своето семејство” се пожали мајката на Ципрас

Грци жалете го- “Алексис не јаде, не спие и ретко го гледа своето семејство” се пожали мајката на Ципрас

Алексис Ципрас не јаде, не спие и ретко успева да го види своето семејство, се пожали мајката на премиерот на Грција пред локално издание, цитирано од “Франс прес”.

cipras

“Алексис во последно време не јаде, не спие, но тој нема избор – има долг кон народот, кој му верува”, изјави 73-годишната Арис Ципрас пред Parapolitika.

Веќе многу ретко го гледам. Тој оди од аеродромот директно во парламентот. Нема време да се види своите деца, како да ме посети ?, продолжи Арис Ципрас.

Кога разговараме, му велам да го направи најдоброто за земјата и да се грижи за себе. Тој ми вели да не се секирам и дека сè ќе биде во ред, додаде мајката.

Во понеделникот 40-годишниот премиер беше принуден да прифати болен договор, за да се спаси земјата да не банкротира и да излезе од еврозоната

loading...