Грција и кредиторите се договорија за буџет 2015-18 година

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Грција и кредиторите постигнаа спогодба за примарните буџетски показатели за периодот 2015-18 година

Договорот постигнат во рамките на програмите за обезбедување на финансиска помош за Грција, предвидува во 2015 година примарниот буџетски дефицит да сочинува 0,25% од БДП на земјата, примарниот профицит во 2016 година да достигне 0,5% од БДП, во 2017 година – 1,75%, а во 2018 година – 3,5% од БДП.

“Целните индикатори за примарниот буџет беа здружени”, соопштил извор од грчката влада, цитиран од РИА Новости. Претходно Атина и кредиторите достигнаа спогодба по проектите за базни сценарија за примарниот буџетски профицит за 2016 и 2017 година

Атина е готова  за потпише конечната спогодба со кредиторите до 18 август, така што да може на 20 август да добие нов транша, со кој треба да го  покрие плаќањето кон Европската централна банка во износ од 3,2 милијарди евра. Ако спогодбата не биде потпишан додека тоа се случи, Грција ќе побара кредитен мост.

Во втората половина на јули Грција треба да исплати 2 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд токму со помош на тие  кредити. На 7 август Атина му преведе на ММФ уште еден дел од долгот, во износ од 186,3 милиони евра. Тоа и  даде пас  на директорката на ММФ Кристин Лагард која изјави дека излегувањето на Грција од еврозоната “веќе не е на дневен ред”.