Грција оцени има 9 милијарди евра германскиот долг кон Атина за штетата нанесена на земјата во годините на Првата светска војна; податоците беа објавени пред парламентарната комисија за утврдување на висината на германските репарации, јави Атинската новинска агенција.
Според архивираните податоци, долгот на Германија по Првата светска војна се проценува на 486 милиони евра, или по сегашни цени на 9 милијарди евра, соопшти претставник на специјалната работна група за пресметки. Од износот на Грција веќе се исплатени само 1,5%, бидејќи Германија престанала да плаќа по конференцијата во Лозана, каде одлуките биле донесени од “големите држави”. Грција сепак не ги потпишала решенијата и смета дека нејзините тврдења се на сила.Зборувајќи за долговите во корист на поединци, претставникот на грчката каса соопшти дека на нив им исплатила 47 милиони марки од 120-те милиони одобрени за штетата по цени од 1952 година. Претседателот на Здружението на потомци на жртвите на холокаустот Мариос Сусис во текот на седницата изјави дека за Холкоста носи заедничка одговорност за Германија, а не само нацистите.
