Грешки во лекувањето кои може да ве чинат здравје

од desk2
135 прегледи

Кога користиме лекови од кој и да е вид, додатоци на исхрана, антибиотици, препарати, често не се држиме до упатствата. Тоа може да биде контрапродуктивно и да предизвика несакани реакции.

Бројот грешки при лекувањето во последните 13 години двојно се зголеми.

Неодамнешна студија чии резултати ги пренесува “Womans Health” открива дека последиците не биле опасни по живот, но дека третина од пациентите завршиле на болничко лекување.

Преголема доза

Дури и најблагиот лек ако го земате во нешто посилна доза може да го загрози вашиот црн дроб.

„Ако земате поголема доза од планираното, ги зголемувате шансите за нус-појави. На пример може да ја разредите крвта повеќе од некои медикаменти“, вели фармацевтот Барбара Јанг.

Пречесто користите лекови

Студијата на Бостонскиот универзитет откри дела 15 отсто од оние кои користат противвоспалителни лекови може да доживеат полесни кардиоваскуларни проблеми. Исто така, од премногу медикаменти страда црниот дроб и бубрезите.

Лековите треба да се користат само со лекарски совет и препишани врз основа на дијагноза.

Слаба доза или за погрешна возраст

Дури и кога земате премалку лекови го доведувате вашето здравје во опасност. Организмот е под постојан притисок од лекови и супстанци кои инаку не би сте ги зеле, но недоволно може да ја лечи тегобата.

Ова е исто така многу опасно па Јанг вели дека околу ова треба да бидете внимателни. Истакнува дека ако на лекот пишува дека треба да се пие пред, за време или по јадењето и тоа упатство треба да се послуша.