Грешките кои ги правите кога се качувате на вагата

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Ако сте опседнати со тежината, сигурно поседувате вага која се експлоатира секојдневно. Качувањето на вагата се претвора во механичка акција, која сепак може сериозно да ја збуни психата кога не го правите тоа правилно.

Еве и кои се најчестите и несвесни грешки при мерење:

1. Се мерите секој ден?

Препорачливо е да се мерите еднаш неделно, а не секој ден. Ова води до опседнатост и е целосно нездраво.

2. Веднаш по тренингот

Еден литар вода е еднаков на еден килограм. При тренинг губите многу вода (особено ако е поинтензивна) и така се лажете дека сте ослабеле.

3. Се мерите на туѓа вага

Едно од златните правила при следење на тежината е дека треба да се мерите на ист кантар. Секој уред има сопствени поставувања кои може да покажуваат различни резултати од реалните.

4. Се мерите во различно време

Второто најважно правило е да се мерите во исто време од денот. Ќе го претпоставам, има огромна разлика дали ќе се мерите на гладно или на полн стомак, рано наутро или на крајот на денот. За да мерите објективни и реални резултати, треба да ги споредувате бројките во исти услови.

5. Се мерите со облека

Една маичка нема да додаде повеќе од 150 г, но ако сте ставиле патики, џемпер и фармерки, може да додадете до килограм и одозгора над реалната тежина.

6. Вагата е на тепих

Истражувањата покажале дека ако ја ставите вагата на тепих, ќе тежи повеќе. Апаратот мора да е на тврда површина.

7. Мерње во одредени денови од месецот

Дамите треба да знаат дека во деновите околу менструацијата тежат повеќе, бидејќи задржуваат вода. Тогаш бројките на вагата не одговараат на нивната тежина. Не заборавајте дека стрелката на вагата не е фактор дали изгледате добро или не.

Има луѓе со масивни и тешки коски, мускулите исто тежат. Често еден човек изгледа тенок и слаб, а вагата покажува посериозна вредност. Не паничете, не се оптоварувајте со гладување, а се храните здраво и се движите!