Грција и понатаму е цел на илегалните имигранти

од Марта Пешевска
134 прегледи

Иако приливот на мигранти без документи во Европската унија опадна минатата година, Грција останува клучен центар за “секундарното движење” на мигрантите по т. н. Балкански пат кон Централна и Северна Европа, покажа годишниот извештај на Европол за сообраќај на мигранти.

Според извештајот овие нелегални движења се “голем предизвик за спроведување на законот на ЕУ”. Бидејќи шверцерите понатаму претпочитаат копнените правци , а мигрантите често се скриени во возила, се наведува во извештајот, кој  додаваат за “непромисленото и опасно однесување” на шверцерите во нивните обиди да се избегне детекција понекогаш води до трагедии. Се замаат  предвид  и случајот со смртта на 11 мигранти на автопатот Игнација минатиот октомври.

Европол исто така нагласува за  “постојано растечкиот тренд” кај мигрантите кои се обидуваат да патуваат од Грција до други европски земји по воздух “, на тој начин го заобиколуваат опасното патување по балканските правци”