Катимерини – Атина
Грција ќе преживее тежок и потенцијално опасен период во односите со Турција. Еве ги реланостите и фактите за тоа. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е моќен, но е исправен пред сериозни опасности и ризици.
Проблемот со Кипар се наоѓа во безизлезна ситуација, дури и со сегашните последни напори за негово решавање.
Дојде и моментот на вистината за односите меѓу ЕУ и Турција. Европската процедура за приклучување за таа земја ќе биде „замрзната“ и тоа ќе има многу суштински последици.

Најочиглено од тие последици е опасноста од пропаѓање на договорот за контрола на бегалскиот бран.
Атина чекори зрело и со извесна предност кон односите меѓу ЕУ и Турција.
Но сега „нервната криза“ нема да почека и први кои ќе ја почувствуваат сме ние Грците, заради нашата близина со Турција.
Вашингтон е во транзициски период кој нема никаква сличност со друг во поблиската историја. Тие периоди се директно исполнети со опасности и ризици, затоа што рацете на претседателот во заминување се малку и многу „врзани“.
Тоа посебно важи сега кога зборуваме токму за смена на режимот во американската престолнина. А таа смена на глобално ниво генерира несигурност и се уште буди недвоумици.
Заради сето тоа, претседателот на Турција, Ердоган, дава впечаток дека воспоставил тесно партнерство со моќниот маж на Русија, Владимир Путин. А тоа си има свое значење.
Дали би можела Турција, која е подложена на притисок да се обиде да ги „извезе“ своите проблеми на Запад?
Добро е тоа сценарио да не се исклучува затоа што на меѓународен план моментот е таков што невозможните нешта би можеле да започнат да изгледаат можни.
Ердоган се уште досега не го затегнал јажето докрај, освен до некаде и тоа само на зборови. Тој би можел да ги отвори вратите за да започне масовно придвижување на бегалци и мигранти кон Грција и Европа.
Никој, ама никој, Европеец или друг, нема решение за тоа сценарио. Но какви и решенија да постојат, тие тешко да бидат најдени неодложно, сега под притисок на самиот момент.
Друго сценарио кое се наметнува, но изгледа невозможно при сегашните услови, е да се бара една формула од типот на Крим за односите на Турција и кипарската турска псевдодржава.
Таа формула бi можела да се следниот чекор на Ердоган ако се стигне до таму со што официјално ќе биде напишан „смртниот акт“ на напорите за решавање на кипарскиот проблем.
Со други зборови, ќе бидат pотребни деликатни потези и дејствија за да бидат избегнати крајности и затегнатости.
Всушност, најлошто сценарио би можело да биде Грција да се најде вовлечена во криза со Турција, која главно ќе се должи на влошување на евро-турските односи.
Затоа што а тој начин Грција ќе треба да ја плати цената знаејќи дека зад себе нема да ја има онаа Европа со својата влијателната ролја, која до голема мера сеуште е под лупа од гледна точка на геополитичката моќ на тој континент./МИА