“Постои зголемување на турската агресија , нешто што ние не го гледаме само во односите на Турција со Грција и Кипар, туку и со важни земји, како САД, како и со Европа”, изјави Ципрас на новинарите на крајот од состанокот на лидерите Земјите-членки на Европската унија.

  Вчера Турција испрати втор брод за проучување на присуството на природен гас покрај крајбрежјето на Кипар, потег што ризикува влошување на конфликтот со Кипар во врска со правата на истражување за достапноста на гас и нафта.

По самитот на ЕУ во Брисел, водачите издадоа соопштение во кое се вели дека истражувањето на Турција е “нелегално” и дека Заедницата е подготвена “соодветно да одговори “. Го чекаме тоа!