Грција: Москва не ни вршеше притисок за промена на името Македонија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Москва не вршела никаков притисок врз Атина за време на преговорите со Скопје за промена на името. Тоа го изјави во интервју за Шпигел, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катрунгалос.

– Немаше никакво притисок. Ние ионака не дозволуваме да ни биде вршен притисок, изјави Катрунгалос.

Во врска со долуката на Атина да прогласи за персони нон грата двајца руски дипломати во 2018 година, тој изјави дека Атина реагирала кога станала сведок на настани што противречат на принципите за почитување суверенитет на една држава од друга.