Грција пациент кој одамна е умрен: Атина продолжува да тоне, долгот за време на Ципрас станал уште поголем

од desk2
86 прегледи

Обврските кон доверителите на Атина се зголемени за над 5 милијарди евра.


Државниот долг на Грција за 2016 година е зголемен за 5 милијарди евра и на крајот на декември ја достигна големината од 326,358 милијарди евра.
Овие податоци се објавени од страна на Министерството за финансии на земјата.
Во 2015 година државниот долг (бруто) беше 321,332 милијарди евра, а во 2014-та – 324,128 милијарди. Во структурата државниот долг е намален за процентот на хартии од вредност за сметка на делот на кредитите.

Обемот на кредитите од Европскиот фонд за финансиска стабилност, Европскиот механизам за стабилност и ММФ за една година се зголеми за 7,229 милијарди евра – од 220,431 милијарди во 2015 година до 227,660 милијарди во 2016 година.

Од 2009 година наваму Грција се наоѓа во длабока економска криза. Во овие години државниот долг се зголемил повеќе од три пати, а БДП на земјата се намалил за 25%.