Грција со поплаки до УЕФА поради дресовите на Македонија на ЕП

од Nikola Popovski
261 прегледи

На само два дена од историскиот прв настап на нашата А-репрезентација на едно големо фудбалско натпреварување, Грција и нејзината фудбалска федерација испратиле посебно барање до УЕФА поради нашите дресови, објави грчкиот всеник „Екатимерини“.

Имено, грците се пожалиле до УЕФА за логото на ФФМ кој се наоѓа на дресовите на македонската репрезентација.

Нашиот јужен сосед реагира на објавата на претседателот Муамед Сејдини на својот личен Фејсбук-профил, кога сподели информација дека Македонија ќе игра со старите дресови на Европското првенство.

Во жалбеното писмо тие велат дека може да стои СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.

Слично жалбено писмо испратил и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас до неговиот колега од Македонија.

Слични содржини