Грција: Владата не се извини за жртвите од пожарот, каде се оставките?

од desk2
140 прегледи

 

Грчката опозиција Нова демократија ја нападна грчката влада што не се извинила за парите во околината на Атина., во кои настрадаа 88 луѓе, а Василил Кикилијас ги повика одговорните да поднесат оставки поради оваа катастрофа.

АНА пренесе дека Кикилијас во интервју за „Врадини“ рекол дека превенцијата е најдобар начин за борба против пожарите, заедно со користење на човечките ресурси, летала и осигурување на успешни координирани напори.

„Во овој конкретен случај, изгледа ништо од спомнатото не се работеше како што теба. Подрачјето (зафатено со пожарите) требаше да биде напуштено и луѓето да бидат префрлени на безбедно. Со тоа би се избегнало сега да оплакуваме толку изгубени човечки животи“, велу Кикиијас.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас изјави вчера дека презема потполна политичка одговорност за пожарите кои однесоа многу животи во околината на Атина.

„Сакам, пред кабинетот и пред грчкиот народ, да преземам политичка одговорност за оваа трагедија“, рече тој пред министрите, по бројните критики на сметка на Владата поради пропустите, пренесуваат агенциите.

Ципрас ги повика министрите да преземат одговорност, колку и да е тешко, затоа што тоа е неизбежно како за премиерот така и и за Владата.

„Никогаш нема да се обидеме да побегнеме од своите одговорности“, порача Ципрас.

Додаде дека владата наскоро ќе изнесе национален план со мерки за да се излезе на крај со повеќедеценискиот хаос со нелегалната изградба.

Грчкиот премиер рече дека има индиции дека пожарот е намерно предизвикан.

Грчката влада поминува низ своите најтешки моменти откако стапи на должност, рече Ципрас, наведе грчката агенција.

Грчката опозиција ја обвини владата за ароганција и за неуспех да ги заштити животите на луѓето во пожарот што го опустоши Мати.