Грција воведува задолжителна вакцинација за лицата над 60 години

од Milan1

Грција во вторникот објави дека воведува задолжителна вакцинација против ковид-19 за лица постари од 60 години, што е драстичен чекор во борбата на земјата против се поголем број заразени.

Властите најавија дека ќе наплаќаат глоба од 100 евра за секое лице на возраст од 60 и повеќе години кое нема да се вакцинира и така натаму секој месец. Мерката ќе почне да се применува од 16 јануари.

Околу 63 отсто од околу 11 милиони жители се целосно вакцинирани, а вакцинацијата е забрзан во последните недели.

Нашите напори ги насочуваме кон заштита на нашите сограѓани и затоа нивната вакцинација отсега ќе биде задолжителна“, изјави грчкиот премиер Киријакос Микотакис на владина седница.

„Грците постари од 60 години кои не биле вакцинирани мора да закажат термин за првата доза до 16 јануари или ќе се соочуваат со парична казна од 100 евра секој месец“, додаде Микотакис.

Грција се бори со зголемување на инфекциите овој месец, а новите случаи достигнуваат рекорди.

Грција има потврдено 931.183 инфекции и 18.067 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Таа европска земја во ноември им забрани на невакцинираните луѓе да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали.

Слични содржини