Груби: Како човек кој животот го посветил на одбрана на западните демократски вредности, ставањето на „црната листа“ ме засега директно и лично

од Vladimir Zorba
861 прегледи

„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“, реагира поранешниот прв вицепремиер на земјава Артан Груби, откако беше ставен на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“, додаде Груби.

Слични содржини