Во текот на вчерашниот ден, Изет Меџити на својот фејсбук профил го сподели писмото кое го адресирал до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а преку кое се повлекува од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ во законодавниот дом.
По тој повод, денес првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби посочи дека таа одлука е негова и дека ја респектира.
„На последниот состанок се согласивме да ги поддржуваме политиките на ДУИ. После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава“, посочи Груби.
На прашањето дали Меџити може да биде наследник на Ахмети на чело на ДУИ, Груби одговори:
„Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети“, заклучи Груби.