Груби: Mинатото не смее да ја држи во заложништво иднината

Заедничко во нашата земја и на нашите народи им е судбината која опфаќа битка за слобода, правда, еднаквост, но и интеграција. Прашања како што се самоопределувањето врз база на етничка припадност, јазикот и идентитетот се утврдени единствено со божествениот закон, а не со договори и трактати. Денес, важно е што минатото не смее да ја држи во заложништво иднината. Оние вредности и методи од 19. век не можат да се имплементираат во 21. век. Вака денес се огласи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби по повод чествувањето на Денот на албанската азбука.

„Овој народ е тој малиот албански народ, толку малку познат и толку црно суден во Европа“, рече Груби и потенцира дека тој денес е неоспорен автохтон во своите земји.

Тој исто така, посочи дека јазикот кој го зборуваат албанците не може да се спореди со останатите келтски, латински, германски, словенски и хеленски јазици, освен онаму каде се обединети со индогермански корени

Вели, мртов јазик, не се наметнува на просперитетен народ.

„Јазикот се наметнува или со силата на оружјето или со силата на културата и цивилизацијата. Албанецот не бил посилен од народите околу него, затоа не може да се негира дека сите оние што зборуваат албански јазик се од албанска националност“, рече Груби.

Груби, како претставник на истата во име на Владата, на сите Албанци им го честита Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

Слични содржини