Груби на средба со Петри и Мијатовиќ: Скопје и Софија водат конструктивен дијалог

од Берта Китинска

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со германските пратениците Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и директорот на ФЕС во Скопје, Рене Шли.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој проблем беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ, информираат од неговиот кабинет.

На оваа средба, според соопштението, соговорниците размениле мислења и за подготвеноста на страните за постигнување еден достоинствен компромис меѓу двете земји.

„Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Интеграцијата во Европската Унија и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија беа и дел од дискусијата на оваа средба“, е напишано во соопштението.

„Германските пратеници ја изразија безрезервната поддршка на германската држава го дава во овој поглед, додека првиот вицепремиер Груби изрази благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, со посебен акцент за Република Северна Македонија и Република Албанија“, стои во писмениот допис.

Груби на оваа средба им се заблагодарил на германските пратеници за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат.

Слични содржини