Груби: Победи евроатлантска Македонија

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Граѓаните да бидат спокојни. Победи евроатлантска Македонија, победи напредна Македонија, Македонија со добрососедски односи. Нашата ориентација кон интеграција во Европската Унија останува загарантирана од ова парламентарно мнозинство, изјави синоќа првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, откако беше затворена седницата, на која опозицијата не успеа да изгласа недоверба на Владата.

На прашање дали Владата има поголема поддршка од повеќе од 59 пратеници, Груби рече дека поддршката е поголема од онаа што ја имало кога беше формирана Владата.

-Не знам дали сте ги следеле медиумите, но има поголема поддршка и од тоа што ја имаше и од почетокот на оваа влада на 1 септември 2020 година, рече Груби.

Тој потенцира дека ова мнозинство ќе расте, односно дека имаме убави 2,5-3 години да решиме големи проблеми.

Слични содржини