Се надевам дека и заедно со опозицијата во овој моментален мандат ќе ги усвоиме сите оние закони што треба да бидат усвоени. Сме имале најуспешен мандат досега, речиси сто проценти од пгорамата ни е усвоен, но се провлекува еден проблем во неколку влади по ред, а тоа е селективната правда, која продолжува да се спроведува од судството и обвинителите, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби.
„Токму ова е апсолутно наш нареден приоритет, заедно со борбата со корупцијата. Треба да се реши недостатокот преку инструментот ветинг. Остваруваме законска обврска да се спроведе техничка влада. Граѓаните знаат дека до овој момент се дојде по средбата на Советот на ЕУ и токму ова е пораката за секоја наредна влада која ќе биде во иднина, враќање назад од Охридскиот и Преспанскиот договор, како и договорот со Бугарија не може да има од ниедна влада“, рече Груби.
Тој се осврна и на сите успеси кои како што рече ги постигнала оваа влада. Според пратеникот на ДУИ, со решенијата на оваа власт, државата станала посилна.
„Заедно постигнавме двојазичност, да го решиме спорот со името, да го решиме спорот со Бугарија, успеавме да влеземе во НАТО и да сме кон Европската Унија. Ја спроведовме декларацијата на Албанците, изградивме болници, училишта, градинки, започна изградбата на автопатот Скопје-Блаце“, додаде Груби.
А.Т.