Груби за Арифи: Taa е челична дама, Тетово ја заслужува

од Берта Китинска

Сакам да потенцирам дека јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во програмата на г-ѓа Арифи затоа што без сомнение таа е челична дама, челична мајка која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години, кажа денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од министрите Насер Нуредини, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, замениците министри Илир Хасани и Беким Реџепи  кои ја посетија општина Тетово каде беа пречекани од градоначалничката Теута Арифи.

Груби заедно со Арифи, ја посети Клиничката Болница на овој град.

-Бевме информирани од директорот г. Бесими за ситуацијата во која што се наоѓа Тетово и околината и капацитетите што ги имаат на располагање.Во оваа прилика ја истакнав поддршката на Владата за сите здравствени институции и медицинскиот персонал за да се справиме со оваа ситуација колку што е можно полесно.Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените авторитети за заштита од вирусот, рече Груби.

Слични содржини