Груевски: Македонија мора да стане посакувана за живот, а не за заминување

од Aleksandar Todeski
305 прегледи

Избеганиот експремиер Никола Груевски преку Фејсбук повторно ги коментираше политичките состојби во државата. На крајот на политичкиот статус, тој го честиташе и големиот верски празник Божиќ.

„Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено место за живеење, побогата и поправедна земја со посплотен народ во неа. Посакувана за живот а не за заминување. Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања. Љубовта да ја надвладее омразата. Успесите да се далеку побројни од поразите. Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава“, пишува Груевски.

Бегалецот од правдата и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ во постот пишува дека државата требало да стане подобро место за живеење на Македонците и останатите граѓани.

„Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне. Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава“, напиша тој.

На крајот, Груевски го честиташе и празникот, со желба да донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели.

„Христовото раѓање е посебен ден. Ден кој не зближува, не замислува, ден на преиспитување, промислување, ден кога се потсетуваме на вистинските вредности и на Бога. Да пробаме секој ден да размислуваме и делуваме како кога е Божиќ. Колку повеќе успееме, толку животот ќе ни е поубав. Од нас зависи! Христос се роди! Честит Божиќ! За многу години здравје и спокојство. Успех и чуство на среќа и задоволство“, напиша Груевски на Фејсбук.

Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено…

Публикувахте от Nikola Gruevski в Вторник, 7 януари 2020 г.

 

Слични содржини