Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера преку Фејсбук им честиташе на младите фудбалери кои се пласираа на Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Полска.
Сепак, тој во честитката напишал „Европски мундијал“, иако зборот мундијал се користи кога се зборува за светско првенство во фудбал. Во меѓувреме, во коментарите многумина му укажаа на грешката, па 9 часа подоцна тој го изменил текстот и напишал „европско првенство“.

Еве ја дефиницијата за зборот „мундијал“ од дигиталниот речник на македонскиот јазик.