Груевски не прифаќа нова влада, сака нови избори- Заев е за нова влада па избори!

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Уценувачки пораки од владечката ВМРО ДПМНЕ, околу предавањето на власта на новата коалиција СДСМ- ДУИ, БЕСА  и Алијанса на Албанците. Опозицијата нема намери да се повлече. ИЛИ нови избори веднаш или НАРОД, кој ќе спречи формирање нова влада со Албанците, порача Груевски во вчерашното интервју за ХРТ, Заев пак вели промените се неизбежни и нема враќање назад. Тоа е амбиентот чија разврска се очекува оваа недела.

Според Груевски, има две опции за излез од кризата: или нови избори заедно со локалните или Заев да ја прифати понудата на ВМРО ДПМНЕ да се откаже од платформата и колаицијата со Албанците , а да добие малцинска влада со поддршка од ВМРО ДПМНЕ.  Но од СДСМ велат, тоа е неискрено, и невозможно а целта е со таа „поддршка“ од Никола Груевски нова негова шашма и сега вака па  потоа друг пртисок веднаш да  организираат изборите дали задено со локалните, или за месец два. Тој дел ВМРО ДПМНЕ не го соопштува велат од СДСМ. И тоа е понуда во стилот на „Тројански коњ“, затоа никогаш не им се за верува на „вмровците“. А суштината е дека нови избори не ја решаваат сосотјбата пак ќе дојдеме до истото, но да се обуде искрен и треба да се каже дека суштина е дека тие не сакаат да си одат од власта. И кога би направиле и нови избори, пак нема да сакаат да си одат, впрочем не можеме да го менуваме системот , законите и Уставот по мерка на Никола Груевски велат упатените од опозицската коалиција.

Уставот е јасен тој кој што добива мандат , а добива тој што ќе обезбеди парламентарно мнозинство, и тој прави влада.

Груевски за ХРТ пак вели :

Господине Груевски како ја коментирате актуелната политичка ситуација во Македонија, дали е тоа државен удар?

-Па на некој начин државен удар е кога после изборите ќе се донесе платформа во друга држава, а ќе се однесува на вашата држава, во случајот на нашата држава, Република Македонија. Кога таа платформа не е изнесена пред граѓаните на избори и кога граѓаните не се согласуваат, кога таа платформа е спротивна на Уставот на државата и кога политичарот кој што ја прифаќа таа платформа е уценет. Граѓаните не гласаа за таа платформа, тие не знаеја за таа платформа само месец или два пред изборите дека Зоран Заев ќе прифати таква платформа, и со таа платформа мнозинството ќе се однесат во опозиција со цел малцинството Македонци и мнозинството Албанци во Македонија да ја донесат таа платформа. Така гледано може да се каже дека е еден вид на државен удар.

Зошто за вас е спорна т.н. албанска платформа, нели вие потпишавте нешто слично во 2008 година, да не е проблем СЈО?

-Не, воопшто не. Ова што сега се прави е спротивно на Уставот на Македонија. Се оди кон бинационална држава, се занемаруваат другите етнички заедници во Македонија, како што се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите зошто да не? Така што сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една, се фаворизира албанската етничка заедница, а тоа се прави неуставно, тоа се прави без да се најави на изборите, со платформа потпишана во друга држава под покровителство на друг Премиер, на премиерот Еди Рама.

Лидерот на опозицијата пак вели, дека целата мобилизација на Груевски е да се заштити од криминалите кои ги правеле тој , неговата фамилија, неговата влада, и од обвинувањата на СЈО, а се тоа го дефокусира со прикасата „ туѓа платформа “, и „ двојазичност“! Избори ќе има кога ќе дојде време ,ама  првина да се случат промени и нова влада, е ставот на опозиционата СДСМ. Заев вчера со оптимитички настап за  новото сонце на промените и граќанска Македонија.

Почитувани мајки, ќерки, сопруги, работнички, интелектуалки, од град и од село, Македонки, Албанки, Турчинки, Србинки, Влавки, Ромки, Бошњачки – во Македонија заедно, заедно сплотени донесовме живот. И ќе има живот за сите, порала Зоран Заев вчера на собирот на жените од Гевгелија.

„Ги дочекавме промените од 120 мандати, 67 мандати имаме позади нас и еве `не пред формирање Влада. И мајката, не сакаат власа да ја предадат, банални изговори изнаоѓаат како само и само власта да не ја предадат, а сакаме со убаво, сакаме со убаво затоа што малкумина сме, роднини паѓаме, толку ни е Македонија. Ајде денеска уште еднаш да испратиме порака со лесно, но пред `се и со убаво, да направиме промена на власта.  Oваа убавина преточена во слики ќе ја испратиме и кај Никола Груевски и кај Ѓорге Иванов, со убаво да ни одат работите“, порача Заев од Гевгелија

Никој нема право да оди против волјата на мнозинството граѓани на Македонија. Република Македонија ќе биде општество на еднакви граѓани и тоа никој повеќе не може да го спречи.

Демократските процеси се почнати, назад нема, порача лидерот на опозицијата, давајќи му уште една шанса на претседателот Иванов да го додели мандатот, кој тој го обезбеди со  депонираните потписи за парламентарно мнозинство.

Очекувањата се дека сепак денеска или утре претседателот Иванов ќе се подразмисли и ќе ја почитува државата, Уставот и граѓаните и како што е редот ќе го додели мандатот на лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа со ладни глави ќе се состави владина програма и ќе се избере нова влада, и претседател на Собраните на РМ. Ова е нужно и поради роковите за распишување на претстојните локални избори, чиј рок истекува денеска, до колку нема нивно одлагање.

Речиси сите меѓународни  инситуции и повеќето влјателни амбасади и држави на ЕУ го побараа тоа- мирен трансфер на власта!

Тоа значи дека сите проценија дека ВМРО ДПМНЕ секако ќе оди во опозиција, а  уцените со своите партиски поддржувачи , замајување на  народот, и движење кон меѓуетнички судир не и носи добро ниту на Македонија , ниту на граѓаните, туку единствено купување време на власта на заминување.

И домашната и странската  експертската јавност се со слична проценка. Разликите се само во формата и процесот како треба да оди менувањето на власта.

Никола Груевски засега не попушта и игра уценувачки и  тврдо. Заев исто така не дозволува да му се подметнува диктат од власта на заминување. Нареднава недела е клучна, за тоа дали ќе победи разумот или емоциите и вжештените глави, но она што е сигурно е дека  промените се неизбежни, и дека ќе се случат сега или ден потоа.